Градоначалникот Јовчески со дел од неговите соработници, присутвуваше на “Саемот на промените што носат иднина!”
Градоначалникот Јовчески со дел од неговите соработници, денеска присуствуваше на “Саемот на промените што носат иднина!”, каде што беше даден отчет за сработеното на градоначалниците во изминативе 365 дена.
“Почитувани градоначалници, драги советници, претседатели на совети, членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, драги сопартијци, аналитичари, експерти, почитувани граѓани!
Честа е огромна да се отвори овој политички саем кој треба да биде едно резиме, еден сублимат на тоа што затекнавме, но и што направивме за овие 365 дена како локална власт. Пред точно една година кажав дека добиената обврска од граѓаните да се управува со општините за мене претставува најголемата должност да се оправдаат очекувањата”- истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.