|

МНОГУ ПОДАРОЦИ ЗА СИТЕ ПРИСУТНИ: “Распеаното Весело ѕвонче” Ве кани лично да се сликате и дружите со него, и да ги слушнете премиерно најновите музички хитови од најновото четврто фестивалско издание “Весели Ѕвончиња-by JANA”-Прилеп 2022

Сподели го ова:


По четврт пат во Прилеп-Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Во сабота на 07.05.2022 година со почеток во 11:00 и 19:00 часот, НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп ќе биде местото каде што по четврт пат ќе се се одржи фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”. Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче Ве кани да се сликате и дружите со него, и да ги слушнете премиерно најновите музички хитови од најновото четврто фестивалско издание “Весели Ѕвончиња-by JANA”-Прилеп 2022. Оваа година, Генерален Покровител на фестивалот е Општина Прилеп. Како и претходните години, така и оваа, фестивалот ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички песни кои што ќе ги испеат деца од 4 до 14 години од неколку градови од Македонија, меѓутоа најголемиот број – како и секоја година ни доаѓаат од Прилеп. Влезниците за овој нај-актуелен детски музички фестивал се пуштени во продажба при што истите ќе може да си ги набавите од денеска во: Игротека “Моја Бајка” (кај Димо наредникот-во близина на Матадор), “Игротека Jim Jam”-во Точила, во “Игротека Disney-Дизни”-зграда Табана, како и Игротека “Бамби”-кај уредот. Цената на влезниците е 100 денари, и истите се пуштени во ограничен број! На врата во салата цената е 150 денари. Со секоја купена карта при влезот во салата следува подарок за секое дете! Четврта година по ред –Ве каниме сите Вас… Бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и дојдете заедно да се дружиме, сликаме и пееме со распеаното Весело ѕвонче на најновото четврто фестивалско издание на Детскио музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп, 2022





Сподели го ова:

Слични објави