(фото) Прва венчавка во манастирот од Тоше – веднаш после неговото осветување – честитки до младенците!

Сподели го ова:
















Како што информиравме во претходните наши објави, во текот на вчерашниот ден, познатиот манастир Свето Преображение кој се наоѓа над Крушево, конечно го доби својот целосен манастирски сјај. Манастирот после долги години на градба, конечно беше осветен, а најзаслужен за подигањето на манастирскиот комплекс е Тоше Проески.
Манастирот вчера беше осветен од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.



Веднаш после осветувањето, во манастирот се случи првата венчавка. Нека биде за убаво, и нека е аирлија!

За да ја зачуваме приватноста на младите (штотуку венчани), не го објавуваме нивниот идентитет бидејќи сепак е тоа приватна работа, меѓутоа како и да е, информативниот тим на СТАНИЦА.МК им посакува прекрасен брачен – заеднички живот, исполнет со многу дечиња, слога и меѓусебно разбирање.

Уште еднаш честитки до младенците!

default


Сподели го ова:

Слични објави