НЕДОСТИГ НА ПИЛОТИ: Летово и да има пожари во Македонија, ќе нема кој да ги гасне??
Последниве неколку години, Дирекцијата за заштита и спасување се соочува со голем недостиг на квалификувани пилоти, а ваквата ситуација премногу го загрозува функционирањето на ДЗС како институција за да реагира во време на кризи, и посебно за време на постојаните летни пожари.
Имено, ДЗС располагала со само тројца пилоти, а оваа година бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија, останал само со еден пилот.