ТЕШКО НА ГРАЃАНИТЕ: Од денеска струјата поскапува за 7,4%-почнува и примената на блок тарифите

Од денеска, 01.07.2022 година поскапува струјата за 7,4%, а исто така од денес започнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Во однос на состојбата, регулаторите истакнуваат дека за 98,8% од домаќинствата, просечната цена на струјата ќе биде зголемена за 7,4 проценти.
Од денес, блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на појавената разлика.
– РКЕ воведе концепт на блок тарифи, со цел да им се помогне на најранливите категории на потрошувачи но да им се помогне и на домаќинствата што немаат друг избор и друг начин за греење, освен електрична енергија и поради тоа блоковите ги проширивме само во висока тарифа до 1050 киловатчасови. Проверете во која било земја во регионот дали има толку високи блокови. Јас ви тврдам најодговорно и цврсто стојам позади тоа дека блоковите кои се определени во Македонија се највисоки во регионот, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.