ФАТЕНО ЛИЦЕ СО БЕСПРАВНО ИСЕЧЕНИ ДРВА: При интервенцијата, со повреда се здобил еден полициски службеник

На 27.11.2022 во с.Бела Црква (општина Кривогаштани) околу 18.20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го привеле Х.Т.(49) од с.Големо Коњари кој што бил затекнат како превезувал бесправно исечени и нежигосани огревни дрва во патничко возило „опел корса“ кои биле без регистарски ознаки. При интервенцијата со повреда се здобил еден полициски службеник.
Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка, а лицето било задржано во П.С.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


















