УБАВИНА: Манастирот Св. Никола во Прилепец со вечерна и утринска литургија за празникот Успение на Пресвета Богородица
По повод претстојниот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот св.Николa с.Прилепец вечерва од 19.00 имаше вечерна богослужба, додека пак утре на самиот голем празник ќе има утринска богослужба која ќе започне во 08.00 чaсот.
На старост Мајката Божја често му се молеше на Бога на Елеонската Гора, на местото на Неговото Вознесение, што порано да ја земе од овој свет. Еднаш и се јави архангелот Гавриил, при што и објави дека по три дена ќе биде упокоена.
Тогаш и даде една палмова гранка за да ја носат при Нејзиниот погреб. Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ и ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион.