ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕБР: Приведен е прилепчанец и други две лица!
Генeралниот Директор на ЈП Македoнски шуми Здравко Трајанов со самото негово доаѓање на директорската функција, вети активна борба со дрвокрадството на сите институции. Впрочем, сето она што го вети, сето се случува последниoв период каде се распаѓаат голем број на мрежи кои организирано крадат дрва во државна сопственост, а потоа истите тие дрва нелегално ги продаваат.

Имено, таков е и овој случај каде вчера беше приведен прилепчанец и други две лица:
“Вчера во акциска контрола на специјалната единица ЕБР при МВР заедно со Шумска полиција и шумочуварски служби од ЈП „Македонски Шуми“ над с. Тајмиште затекнат е ТМВ камион управуван од А.А. како бесправно превезува 12.60 м3 буково огревно дрво од државна шума. Во одделот се пронајдени 58.8 м3 буково огревно дрво и бесправно исечени 63 стебла со вкупна кубатура од 72м3.
Сопственик на камионот е С.В. од с. Колари е приведен заедно со неговите соработници Д.А. од с. Колари и М.С. од Прилеп. Во истата вчерашна акција затекнати се лица во с. Тајмиште, каде лицето С.Г. со трактор бесправно превезува 2.7 м3 буково огревно дрво, додека лицата Ј.Ц. и С.П. со трактор бесправно дотураат и сечат огревно дрво. На самиот пат имаа 10.50 м3 дабово огревно дрво, додека пак во одделот имаа исечено 71 стебло со вкупна кубатура од 76м3.Во вчерашната акција од лицата привремено се одземени еден ТМВ камион, 2 трактори, моторна пила и дрва, и истите се предадени на шумската полиција. Против сторителите ќе се поднесат соодветни кривични пријави – истакна Министерот Трипуновски.


















