ЈОВЧЕСКИ: Ви благодарам на сите вас почитувани сограѓани за вашата поддршка кон мене и кон Локалната самоуправа на Општина Прилеп
Денешниот работен ден со себе носи нова градежна активност, при што повторно во Прилеп и денеска се асфалтираа нови улици.
Продолжуваме со нашата цел да ја подобриме патната мрежа во секој дел од Прилеп.Секоја населба заслужува најдобра инфраструктура и затоа остануваме посветени на нашите заложби да ги исполниме ветувањата. Ви благодарам на сите вас почитувани сограѓани за вашата поддршка кон мене и кон Локалната самоуправа на Општина Прилеп! истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.