Достојно и со огромна почит, две прилепски основни училишта го одбележаа својот патрон празник

Сподели го ова:


























Прилепските основни училишта ООУ „Рампо Левката“ и ООУ „Добре Јованоски“, денеска ја одбележаа 81-та годишнина од загинувањето на своите патрони, народните херои Рампо Левката и Добре Јованоски.


По повод патроните празници на двете основни училишта заедничка делегација од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Советот Дејан Проданоски како и делегации од основните училишта, положија свежи цвеќина пред бистата на Рампо Левката на Могилата на непобедените и пред бистата на Добре Јованоски во истоименото училиштето.
Во чест на своите патрони учениците од двете основни училишта подготвија пригодна културна програма, која беше презентирана пред присутните гости.

Градоначалникот Јовчески пред присутните истакна:
„Сакам да изразам поддршка до раководствата на училиштата за се она што го спроведоа во текот на изминатата учебна година како и сега за време на летниот распуст, се со цел сите вие тука да имате подобри услови за работа и за учење и во иднина заедно да продолжиме да го унапредуваме воспитно образовниот процес и условите во установата во која што поминувате голем дел од денот.

Ве уверувам дека поддршката од Локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму.“ – истакна градоначалникот Јовчески во своето обраќање.




Сподели го ова:

Слични објави