Светлана Зуламоска Грозданоска од парчиња коса, изработи портрет на Гоце Делчев
Во чест на Илинденските празници, стилистот Светлана Зуламоска Грозданоска од општина Кривогаштани, изработи уште еден портрет од парчиња коса. Овој пат, нејзиното ремек дело е портретот на Гоце Делчев.
Светлана, веќе подолго време е позната како на македонската, така и на пошироката јавност по своите уметнички творби,. Колку за потсетување, оваа година за 43-от роденден на Нашиот Ангел, во Спомен куќа на Тодор Проески, се реализира хуманитарна продажна изложба на уметнички слики, нацртани на камена плоча со акрилни бои, ликот на Тоше под мотото „Срце није камен“. Уметничките слики беа изработени од вредните раце на Светлана Зуламоска Грозданоска, која воедно е уметник и стилист.