„Комуналец“-Прилеп гради нов детски парк

Сподели го ова:




„Комуналец“ гради нов детски парк на јавна површина во кругот на болницата. Детскиот парк е на барање на жителите од овој дел на градот, а со оглед на тоа што во близина нема друга слободна јавна површина, одлучено е паркот да се гради во кругот на болницата. Паркот е со мала површина, но содржи детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност. Рубинчо Абрашоски, в.д. директор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, најавува дека ќе продолжи практиката за градење на парковиски површини и детски игралишта во повеќе населби и маала низ градот. За 2022 година планирано е да се изградат 4000 м2 парковски површини во градов и населените места, како и обновување на постојните паркови.





Сподели го ова:

Слични објави