ДУШИЧКА МИЛА: Да му помогнеме на прилепчанчето Марко за неговото лекување во Турција кое изнесува 19.000 евра
Две годишниот Maрко Мицески од Прилеп се бори со ретко заболување, па како последица на тоа во моментов се наоѓа во болница. За негово лекување потребно е Марко да замине во Турција, меѓутоа за тоа се потребни 19.000 евра, а овие средства неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.
На социјалните мрежи постојано се споделува апелот за помош за малиот Марко, каде што има наведено трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија.
Доколку сте во можност, помогнете му со ваш прилог на ова слатко прилепчанче, за да добие шанса и тоа како сите останати дечиња да расте во безгрижно и здраво детство.