Битолскиот градоначалник во посета на ОУ „Елпида Караманди“ каде се врши реконструкција на дел од спортската сала

Сподели го ова:





























Денеска, битолскиот градоначалник Тони Коњановски беше во посета на ОУ „Елпида Караманди“ каде се врши реконструкција на дел од спортската сала.

“Како што ме информираше директорката на училиштето Емилија Николовска-Спировски, реконструкцијата подразбира промена на дограмата на целата сала, промена на електричната инсталација, поставање на плочки во ходниците и во соблекувалните, поправање на санитарните јазли со довод и одвод и комплетно опремување на тоалетите и соблекувалните.

Во рамките на овој проект е и поставување на фотоволтаици.

Вкупната сума која се инвестира во реконструкцијата, поставувањето фотоволтаици и опремување со реквизити е 4.481.290 денари. Ова се средства добиени од министетството за образование и наука.

Нагласувам дека Општина Битола во соработка со центрланата власт вложува максимални напори за модернизација на образовните институции во Битола” – истакна Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави