До 31.12.2024 ќе има исплата на К-15 за вработените во приватниот и јавниот сектор
Над 84 илјади вработени во администрацијата ќе добијат к-15 во вредност од 11 илјади денари, додека вработените во приватниот сектор, ќе добијат по околу 16.800 денари, односно 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци.
Годинава, регрес за годишен одмор ќе добијат сите, и работниците во приватниот и во јавниот сектор. За работодавците кои на своите вработени нема да им исплатат регрес за годишен одмор, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.