Внимавајте ако патувате надвор од градот! Поради снег непроодни се неколку патни правци
Регионалниот ЦУК Скопје известува дека од лицето за контакт од ЕЛС Чучер Сандево добиена е информација дека патот до село Бродец е прооден, додека кон селата Танушевци, Брест и Малино има снег и ветер и патот е непрооден.
Известени се ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, од каде добиле информација дека екипите се на терен и работеле на расчистување. Со расчистување на овој патен правец ќе се продолжи во текот на денешниот ден