м-р Гоце Бумбароски е новиот Советник за млади во Општина Прилеп

Сподели го ова:


























Информативниот портал “STANICA.MK” од свои извори дознава дека Општина Прилеп конечно доби Советник за млади а тоа е м-р Гоце Бумбароски -наставник во ООУ „Кочо Рацин“ -Прилеп. Бумбароски е добро познат по својата креативност во образованиот процес, не само во Прилеп, туку и низ цела наша земја. Имено Бумбароски кој е м-р по менаџмент во образовниот процес, досегашната работа како наставник во ООУ „Кочо Рацин“ -Прилеп ќе ја извршува паралелно со новата советничка функција. За Бумбароски, пошироката македонска јавност дозна благодарение на тоа што голем број на медиуми низ годините пишуваа за неговата креативна работа која што самиот тој ја спроведуваше во образовниот процес. Отсега, Бумбароски како Советник на прилепскиот градоначалник Јовчески ќе има за задача да се креира еден повисок степен и квалитет на животот на младите кои живеат во Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави