Јовчески: Овој ден е симбол на македонската чест, непокор и гордост

Сподели го ова:






























Пo повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес пред спомениците во центарот на Прилеп, свежо цвеќе положија ново избраниот градоначалним Дејан Проданоски, Борче Јовчески, како и повеќе директори на училишта и институции од градот под Марковите Кули.

“Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Денес го одбележуваме денот кога започна патот кон слободата и независноста на македонскиот народ и на Република Македонија. Пред 132 години, во Солун, беше поставен темелот на Македонската револуционерна организација, симбол на борбата, пожртвуваноста и идеалот за слободна Македонија. Од тој историски момент се роди револуционерниот дух што го водеше нашиот народ низ сите историски предизвици, од Илинден, преку Крушевската Република, до создавањето на современата македонска држава.

Овој ден е симбол на македонската чест, непокор и гордост. Ден кога се потсетуваме дека слободата не ни беше подарена, туку изборена со вера, храброст и љубов кон татковината.

Нека е вечен споменот на сите што го трасираа патот на слободата!

Да живее Македонија!” – порача Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави