И во Прилеп, голем интерес кај најмладите ученици за театарската претстава “Црвенкапа”
Со доаѓањето на месец мај започна и онаа пролетна магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. По тој повод, специјално само за најмладата публика во Прилеп на 29.05.2024 (среда) и 30.05.2024 (четврток) во големата сала во НУЦК Марко Цепенков-Прилеп ќе биде одиграна претставата за деца „Црвенкапа”, која со сигурност ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во театарската магија.
Во претставата учествуваат Црвенкапа, волкот, бабата од Црвенкапа и смешниот ловџија. Ова е претстава, која според публиката е вистински детски, музички-театарски спектакл за младите. Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија, и истата е надополнета и со неколку новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за оваа претстава, и истите пред публиката заедно со дечињата ќе ги отпеат нивните омилени театарски ликови од оваа волшебна сказна. На крајот од претставата, дечињата ќе се сликаат со Црвенкапа и волкот. Бидејќи постои голем интерес за оваа претстава, истата на 29.05.2024 (среда) и 30.05.2024 (четврток) ќе биде прикажана во организирани термини за децата од градинките и училиштата.