Над 20.000 новозаболени од корона вирус
Во деноноќието помеѓу саботата и неделата во нашава земја се регистрирани вкупно 1.254 нови случаи на Ковид-19, па како резултат на тоа бројот на активни случаи со корона вирус, достигна вкупно 20.114 случаеви. Досега во земјава, се направени вкупно 1.785.054 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата во нашата земја изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, додека пак починати се вкупно 8.383 лица. Од Министерството за здравство апелираат дека: “За сите граѓани, кои имаат недоумица околу вакцинацијата, сакаме да упатиме порака од ова академско место заедно со ректорот, професорите и студентите дека вакцинацијата е сигурна и безбедна и таа е најдобар начин за заштита од коронавирусот. Во нашата држава граѓаните имаат потреба од дополнителна акција, односно стимулирање на вакцинирањето, затоа што не можеме да кажеме дека сме задоволни од сегашниот процент на вакцинирани за да пристапиме кон либерализација на заштитните мерки од Ковид-19”– истакна министерсот за здравство.
.