Денеска сите средношколци ќе бидат најрадосни – а еве и зошто

Сподели го ова:


























За средношколците, денеска завршува учебната 2022/2023 година. Матурантите, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој што е изборен, при што пријавените кандидати имаат можност да избираат од вкупно седум предмети: Математика, Англиски јазик, Француски, Германски, Руски јазик, Естетика или Филозофија.

Што се однесува пак до основците, крајот на школската година ќе биде во среда – 14 јуни. Колку за потсетување, за учениците во основните училишта учебната година е продолжена три дена, бидејќи оваа година беше продолжен зимскиот распуст на учениците заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата низ градовите.




Сподели го ова:

Слични објави