Погледнете – центарот на Прилеп е претворен во вистинска новогодишна бајка! Градот започна да се украсува како никогаш до сега!
Градот под Марковите Кули блесна во вистинско новогодишно светло! Во центарот на Прилеп се поставуваат голем број на новогодишни украси кои претставуваат вистинска магија за прилепските граѓани, а посебно за најмладите, а на градскиот плоштад е поставена голема новогодишна елка. Прилепчани не чекаа ни миг, при што уште вечерва со своите најблиски, заминаа во центарот на Прилеп за да уживаат во новогодишната магија на градот и да ги направат своите први новогодишни фотографии.

Исто така, надлежните екипи од градот и вечерва работеа во центарот на Прилеп, украсувајќи го Прилеп со нови новогодишни реквизити.
Како што објавивме пред некој ден исто така за прв пат во Прилеп оваа година ќе се одржи „Прилепска празнична приказна“ со богата седумдневна програма, многу изненадувања, музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.





Фото/ СТАНИЦА.МК















