Побрзајте! За претставата во Прилеп останати се уште многу малку билети!
Со доаѓањето на месец септември започна и онаа театарска магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. По тој повод, специјално само за најмладата публика во Прилеп на 15.09.2024 година (недела) во 12 часот во НУЦК Марко Цепенков-Прилеп ќе биде одиграна претставата за деца „Црвенкапа”, која со сигурност ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во магијата на театарот. Како што не информираат од продукцијата, и во Прилеп се бара “билет повеќе” за театарската претстава за деца “Црвенкапа”.
Во претставата учествуваат Црвенкапа, смешниот волк, бабата од Црвенкапа и “чичкото ловџија”. Ова е претстава, која според публиката е вистински детски, музички-театарски спектакл за најмладите.
Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија, и истата е надополнета и со неколку новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за оваа претстава, и истите пред публиката заедно со дечињата ќе ги отпеат нивните омилени театарски ликови од оваа волшебна сказна. На крајот од претставата, дечињата ќе се сликаат со Црвенкапа и смешниот волк, бабата и ловџијата. се гледаме на претстава, а Вие 24/7 може да си резервирате билети на телефон 078 66-77-97, или пак да си набавите од игротеките Моја Бајка, Kids Party и Дизни (зграда Табана).

















