По 62. пат во Битола: Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола
Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски заедно со претседателот на Сојузот на спортови, Сашко Павловски ја најавија манифестацијата Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година, која годинава се одржува по 62-ри пат, а е со мотото „Верувај во себе, направи шампион“.

Спортот во Битола ја имал, ја има и ќе ја има поддршката на оваа локална самоуправа. Нашата задача е да се грижиме и да инвестираме во спортот, и тоа го правиме. Како Општина Битола продолживме и продолжуваме да вложуваме во спортската инфраструктура, професионалниот и училишниот спорт. Секаде со големи букви е запишано и докажано дека Битола е најспортскиот град во Македонија. Манифестацијата ќе се одржи вторник на 17 февруари, а вечерва изложба на спортска фотографија во фоајето на Народниот театар од четворица автори – порача Коњановски.


















