“STANICA.MK” НА ТЕРЕН: Се дислоцираат дивите продавачи кои стојат кај “стара пожарна”

Сподели го ова:
























Информативниот тим на информативниот портал “STANICA.MK”, како еден од двата најчитани портали во нашиот регион, секогаш е на терен, се со цел за да објективно, навремено и секогаш проверено ги добиете најновите информации и случувања – од прва рака. Имено, дел од нашата информативна екипа додека денеска беше на терен низ прилепските улици, фото објективот на “stanica.mk” ја долови сликата која денеска беше актуелна околу локацијата кај “стара пожарна” во Прилеп. Во текот на денешниот ден, се дислоцираа дивите продавачи, кои во најголем дел доаѓаат од струмичкиот регион, и продаваат расади, овошје и зеленчук на местото околу “стара пожарна”. Најголем дел од овие продавачи се од струмичкиот регион, меѓутоа денеска со асистенција на полицијата беа отстранувани од оваа локација. Колку за потсетување, нашиот град на сите продавачи му нуди пристојни услови на сите производители кои ги продаваат нивните производи, а тоа е градскиот пазар, кој е совршено организиран и менаџиран благодарение на Директорот на ЈКП “Пазари”-Игор Крстески.

Колку за потсетување, оваа слика на местото околу “стара пожарна” е актуелна последниве 10-тина години, при што постојано се прават обиди, години наназад, ваквите продавачи да се дислоцираат од ова место.

ЗАБРАНЕТО Е ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ТЕКСТОТ И СЛИКИТЕ ОД ОВАА ОБЈАВА ОД СТРАНА НА ДРУГИ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ, БЕЗ ДОЗВОЛА ОД ИНФОРМАТИВНИОТ ТИМ НА “STANICA.MK“



Сподели го ова:

Слични објави