МАКЕДОНЦИТЕ ГОРДИ НА СВОЈОТ ЈАЗИК: Денеска е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Насекаде во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој што УНЕСКО го прогласи како официјален ден на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Имено, во 2000 година, денешниот ден-21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.
Ширум светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици. Низ вековите, македонскиот јазик помина низ повеќе фази на свое формирање, при што големо влијание на развојот на нашиот македонски јазик имаа туѓите ропства под кои што подпадна нашата мила Македонија.