НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ПРОМЕНЛИВОТО ВРЕМЕ ДА ВИ ГО РАСИПЕ ВИКЕНДОТ: Променливо облачно време со локален слаб дожд за време на викендов
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.
Утре, исто така ќе имаме променливо облачно и постудено време, со темепратури до 10-тиот степен. Веќе од понеделник ќе преовладува стабилно време со уште пониски утрински температури.