Погледнете! Одлична прва фестивалска вечер од “PRILEP BEER WEEKEND”!
Вчера вечерта во Прилеп, започна најновото издание од “PRILEP BEER WEEKEND”. Фестивалот на пивото и скарата носи прекрасна енергија во градот под Марковите Кули и многу посетители, кои што овие 3 дена ќе уживаат во нашата вкусна скара, ладно пиво и прилепската гостопримливост!
Во интерес на развој на локалната економија, во интерес на подобрување на животот на граѓаните на Прилеп и Македонија, во интерес на добрата забава, и за уште многу културни и , вакви, забавни манифестации,…..заедно да наздравиме за развоен и успешен Прилеп и заедно, да и дадеме поддршка на Македонија, да ја чуваме, и да ја зачуваме, за подобар живот на сегашните и идните генерации! Уживајте! На здравје! – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.