Со инвестициите во образованието, инвестираме за просперитетна иднина!

Сподели го ова:


























Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески при денешна посета на ООУ „Круме Волнароски“ во Тополчани, изврши увид на комплетно реконструираната спортска сала во ова училиште.

Имено, голем број на новости има во ова училиште: променет под со нова подлога, нови спортски реквизити, зголемен фондот на книги во училишната библиотека, како и нови училишни клупи и столчина. Очигледно е дека директорот на ова основно училиште Дејан Бунтески, ја продолжува успешната политика на менаџирање.

Во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп, денес им беа предадени на користење 22 таблети набавени за социјално ранливите категории на граѓани од ромската заедница. Проект одобрен од Министерството за локална самоуправа, врз основа на Стратегијата за Ромите во Република Македонија.

Во овие претпразнични денови убаво е чувството кога ќе се презентираат вакви проекти за подобрување на условите за работа во училиштата и за целокупниот општествен развој.




Сподели го ова:

Слични објави