Гимнастичарките од Естетската гимнастика “Авантгард” се вратија од Србија со еден грст медали
Секоја изведба е можност да се подигне знамето високо и да се покаже на светот на што сме способни. Гимнастичарките од Естетската гимнастика “Авантгард” не само што се амбасадори на својот спорт, туку и на нашата татковина и град, носејќи го знамето со чест и достоинство на секој натпревар.
На турнирот по естетска ритмичка гимнастика „ЕВИТАКУП“, кој се одржа на 15/16.03.2025 година во Свилајнац, Србија, клубот „АВАНТГАРД“ учествуваше со девет натпреварувачи и ги зазеде следните места:

Калина Петкоска (2015) – прво место без реквизит
Сара Маркоска (2014) – прво место без реквизит
Милена Нешкоска (2013) – прво место без реквизит
![]()
![]()
Анастасија Нешкоска (2010) – прво место лента, трето место обрач + севкупен пласман трето место
Галена Ацеска (2013) – второ место обрач
Јана Димоска (2012) – второ место обрач
![]()
Марија Тошеска – трето место топка, четврто место севкупен пласман
Илина Кузманоска (2014) – четврто место обрач
Јована Везенкоска (2013) – седмо место топка
Честитки до сите учеснички за нивните извонредни резултати! Вашите успеси се доказ за посветеноста, талентот и љубовта што ја имате кон спортот. Продолжете да се стремите кон нови успеси и бидете пример за сите млади таленти!



















