Постои голем интерес за купување на станови во прилепската населба Точила

Нашиот информативен портал “STANICA.MK”, како еден од двата најчитани информативни портали во прилепскиот регион (врз основа на бројот на следбеници на нашата официјална Facebook страна), секогаш објективно, навремено, и пред се-проверено Ви ги пласира најновите настани и случувања во нашиот град, а воедно континуирано прави голем број на анализи, анкети и конкретни истражувања за актуеланата-моментална состојба во градот под Марковите Кули.
Она што моментално е актуелно во нашиот град, е големата побарувачка за купување на станови, која што побарувачка, исто како и минатите 8-9 години е најголема за купување на стан во прилепската населба “Точила”. Ако порано “Точила” важеше како населба која беше синоним за неред и привиден хаос, изминативе 10-15 години, тоа не е така. Денес, за да се купи од постоечките станови (кои беа изградени во средината на 80-тите години на минатиот век) постои голем интерес, меѓутоа “станови нема ниту за лек”.

На социјалните мрежи и на влезот во зградите во населбата Точила има залепено еден голем број на огласи, дека под итно се бара стан за купување, меѓутоа таквите шанси се мали… Дури и да излезе таква прилика, цената на тие станови моментало се движи од 700 евра (за стар-нереновиран стан), па се до 950 евра (за комплетно реновиран стан). Меѓутоа сето тоа зависи од повеќе фактори, локацијата на спратот, дали станот се наоѓа на исток-или запад, како и голем број на други останати-клучни фактори.
А зошто во Точила цената е толку многу висока? Тоа е така затоа што оваа прилепска населба претставува, односно е слична како скопската населба “Аеродром”, односно во Точила има буквално баш се на едно место што му треба на едно семејство. Точила има основно училиште, две средни училишта, пошта, градинка, големи маркети, бутици, месарници, скара на кило, кафе барови, бурекџилници, ресторан за брза храна, големи уредени паркови, а се разбира тука е и црквата “св. Петка”, најновиот изграден црковен храм во Прилеп.