“Веселите Ѕвончиња” вечерва настапуваат во Велес, утре во Прилеп, па во Битола и Охрид
Богат викенд со настапи на градските плоштади низ Македонија, му претстои на најпопуларниот детски музички фестивал Весели Ѕвончиња by JANA. Детските музички ѕвезди од највеселиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” ќе настапат во новогодишните програми на Општините низ Македонија. Веселите Ѕвончиња вечерва настапуваат во Велес, утре во Прилеп, а во недела во Битола и Охрид, а моментално се преговара и за настап во неколку други општини.

Колку за потсетување, најновото годинешно издание, од најпопуларниот и највеселиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” ќе се емитува на Канал 5 телевизја, и тоа утрото во ударен термин на Божик на Канал 5 ТВ. Сето тоа е прилика за сите оние кои не успеаа оваа година да дојдат до влезници и во живо да уживаат во фестивалот, сега да го погледнат на ТВ и да се препуштат на детската фестивалска магија на Веселите Ѕвончиња на Канал 5 ТВ.















