Oпожарен мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски таблички
На 06.08.2023 во ОВР – Прилеп било пријавено дека на м.в. „Маркова Чешма“ во Прилеп, во дворно место од викендица која била сопственост на Т.П.(44) од Прилеп, опожарен бил неговиот мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а за среќа повредени лица нема.
Веднаш потоа на местото на настанот, бил извршен целосен увид.