Честитки до сите оние на кои им се “падна” паричката – eве што треба да правите со неа

Сподели го ова:


























Што се прави со паричката од лепчето? Оној во семејството кој ќе ја пронајде паричката, никогаш не смее да ја фрли, или да ја искористи за да се купи нешто. Повеќето од луѓето ја носат во својот паричник како еден вид амајлија, меѓутоа тоа не е најдоброто решение. Постојат голем број на обичаи од минатото, кои варираат од крај до крај, меѓутоа како и да е, се сведуваат на две можности.

Според едната, паричката треба да се „откупи“ со други пари од личноста што ја пронашла во лепчето, да се стави на иконата, и истата да се чува до следната Василица.

Според другиот обичај, паричката треба да се залепи на таванот со малку тесто, и така да стои цела година, односно до следната Василица кога паричката се симнува, и со неа се купуваат кибритчиња за палење на огнот, и истите се користат исклучиво во куќата. Оваа традиција симболизира дека огништето, т.е. животот во куќата никогаш не згаснува.




Сподели го ова:

Слични објави