Проданоски: Граѓаните мора да добиваат навремени, брзи и ефикасни услуги, а локалната самоуправа да биде сервис кој што работи за нив

Сподели го ова:





























Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, оствари средба со aдвокати, нотари и правници, за кои како што истакнува Проданоски, тие се столбот на правдата и поддршка за нашите сограѓани.

“Тие се едни од нашите најважни соработници, бидејќи секојдневно се среќаваат со различни административни и правни процедури во комуникацијата со локалната власт. Токму затоа ги слушнав нивните предизвици и проблемите со кои се соочуваат во работата. Разговаравме за можните решенија и морам да истакнам дека нашата заедничка цел е јасна. Граѓаните мора да добиваат навремени, брзи и ефикасни услуги, а локалната самоуправа да биде сервис кој што работи за нив” – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави