12-ти Меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој-2022 Цевитана Куп“ во чест на празникот 11-ти Октомври

Сподели го ова:


























После пауза од две години поради ковид пандемијата, оваа година токму денес продолжи традицијата со одржување на 12-ти Меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој-2022 Цевитана Куп“ во чест на празникот 11-ти Октомври, Денот на народното востание.

Прилеп докажано е град на спортот воопшто, но и град во кој што и тоа како имаме истакнати џудисти и прекрасни луѓе кои што се занимаваат со овој спорт за кој велиме дека е „Спорт на вистински вредности“.

“Морам да упатам огромна благодарност до Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп, најпрвин за прекрасната организација денес и за тоа што долги години работат и придонесуваат нашите најмлади да ја запознаат оваа древна боречка вештина и преку спортот да го изградат вистинскиот дух и да ги научат вистинските вредности. Како градоначалник морам да истакнам дека во Прилеп секогаш ќе бидете добредојдени, а со право можам да кажам дека ова е Турнирот кој што досега се докажал како еден од најпосетените и најдобро организирани турнири на Балканот” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави