Цели 33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме со ѕвездата од Кутлеш
На 11 август, далечната 1992 година беше усвоено првото македонско државно национално знаме, со одлука на Собранието на Република Македонија. На знамето е ѕвездата од Кутлеш, која претставува сонце од Кутлеш или т.н. Аргеадска ѕвезда.
Ѕвездата се користела до 1995 година кога е сменета со денешното македонско знаме, кое е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, меѓутоа со 8 наместо постоечките 16 краци.


















