ВНИМАНИЕ: Известување до возачите кои патуваат на патниот правец Прилеп – Крушево

Сподели го ова:


























Очигледно е дека магливото време оваа 2023 година, е чест гостин во градот под Марковите Кули. Маглата, како да сака да ги “задскрие” спомените од првите денови во новата година. Врз основа на информациите од Македонија пат, поради појава на магла намалена видливост од 50 до 60 метри има на патните правци Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка.

Врз основа на сето ова, доколку патувате Ви препорачуваме прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и внимателно управување со возилата.




Сподели го ова:

Слични објави