Проданоски: Во Волково го градиме најголемиот парк во Прилеп од 30.000 квадратни метри
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп, Дејан Проданоски соопшти дека во Волково ќе се гради најголемиот парк во Прилеп! Нова зелена оаза на градот, простор за одмор, рекреација и заедништво!
“Овде ќе никне излетнички центар од 30.000 квадратни метри! Со пешачки и велосипедски патеки, детски и фитнес зони и современо еколошко осветлување.
Паркот Волково ќе биде место што живее и дење и ноќе, со светло, живот и свежина. Место каде семејствата се собираат, децата растат, а градот дише почисто.
Ова не е само парк. Ова е чекор кон поубав, одржлив и зелен Прилеп” – порача Проданоски.
















