Дали “Комуналец” сега е виновен што дел од прилепската младина не е воспитана од дома??

Сподели го ова:


























Чистењето на градот од страна на ЈКП “Комуналец”-Прилеп е постојана практика, при што секојдневно од рано утро, вработените во ова прилепско комунално претпријатие го чистат градот под Марковите Кули, бидејќи целта на прилепски “Комуналец” е насочена кон примена на непрекинат-континуиран работен процес кој што ќе создаде, и веќе создава чист Прилеп, каков што заслужуваат прилепчани.

Меѓутоа, тукa за чист Прилеп не придонесуваат само “комуналците”, туку и културата на нашите сограѓани, а посебно овдека “клучна улога” има свеста на прилепската младина. Фотографијата во прилог, е направена утрово, и истата ја отсликува состојбата на дел од младите прилепчани кои очигледно по “вчерашната фешта” пред НУЦК Марко Цепенков, заборавиле да го фрлат отпадот онаму каде што треба.

Пак ќе потенцираме, ова е реалната слика на само еден дел од младите прилепчани кои искрено, или “не ги воспитале од дома-онака како што треба”, или пак навистина “немаат чувство за простор и време” во однос на тоа каде треба да го фрлаат ѓубрето, бидејќи судејќи по оваа слика изгледа за нив поимот “корпи за отпадоци”, претставува сосема непознат поим.

STANICA.MK




Сподели го ова:

Слични објави