АМБАСАДОРОТ НА ЕУ СО ПОРАКА ДО ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ: Мора да го промените системот, вака нема да се справите со корупцијата
Амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, потенцираше дека кога е во прашање корупцијата нема толеранција, и дека не се работи за идентификување поединци, туку за промена на системот.
– Прашањето за корупција е многу важно што навлегува во сржта на пристапниот процес. Тоа е толку многу важно што го вклучивме во основите. Ја испитуваме борбата со корупцијата и се трудиме да се бориме со неа во секоја фаза од целиот тој процес. Тука не се работи за идентификување поединци туку за промена на системот за институциите да можат да се борат, да се справат со корупцијата и сите да знаат дека не постои толеранција за корупцијата. Тоа е долгорочен процес во кој сме вклучени и таму имаме важна улога. Владата ја има водечката улога, но има и други, како граѓанското општеството, бизнисите, како и политичките партии. Но не, немам некој увид во поединци кои би можеле или не би можеле да бидат цел на санкции, нагласи Гир.