Битолскиот градоначалник Тони Коњановски во својот кабинет оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев

Сподели го ова:





























Денес во кабинетоот на битолскот градоначалник Тони Коњановски, беше остварена средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Средбата се одржа во рамките на посетата на БЈБ во Битола за кампањата „До вас, за вас“, која се реализира вечерва на плоштадот Гоце Делчев од 18:00 до 21:00 часот.

Оваа кампања има за цел да ја доближи полицијата до граѓаните, преку интеракција, едукација и подигнување на свеста за јавната безбедност.

На средбата заеднички ги согледавме реалните безбедносни предизвици со кои се соочува нашиот град и разговаравме за конкретни чекори за нивно надминување. Посебен акцент ставивме на потребата од поставување видео надзор за заштита на урбаната инфраструктура, зголемување на јавната безбедност и спречување на вандализмот.Продолжуваме со заеднички активности и координација, во интерес на сите граѓани на Битола. Безбедноста и редот остануваат наш врвен приоритет – истакна Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави