СПОРТОТ Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ! Со забрзано темпо се работи на новата спортска сала во ООУ „Блаже Конески“

Сподели го ова:


























Денес од страна на Општина прилеп беше направен увид во градежните активности околу изградбата на новата спортска сала во ООУ „Блаже Конески“.

👉 Ова повеќенаменско спортско игралиште, во дворот на училиштето, претставува значајна инвестиција во нашето образование и во физичкото здравје на нашите ученици.

☝️Со инвестиција од околу 23 милиони денари, од Буџетот на Општина Прилеп, овој проект значително ќе ги задоволи потребите на училиштето, кое до сега не располагаше со затворена спортска сала.

👌Локалната самоуправа на општина Прилеп продолжува со посветена грижа за нашите ученици, инвестирајќи во нивното образование. Овој нов објект ќе овозможи правилно функционирање на физичкото и здравственото образование, што досега беше предизвик за оваа училишна заедница. Со овој проект, дефинитивно ќе ги подобриме условите за развојот на нашите ученици, осигурувајќи нивен правилен раст и здрав развој.




Сподели го ова:

Слични објави