Нови операциони сали и лаборатории!! Вака ќе изгледа Воената болница во Скопје
Воената болница во Скопје ќе добие нови седум операциони сали, нови лаборатории, адаптирани нови простории во интерес на пациентите.
Проектот за реконструкција и адаптација на болницата опфаќа реконструкција на простор од преку 3000 м2.
Оваа одлична вест ја соопшти вицепремиерот Александар Николоски кој објави видео за тоа како ќе изгледа новиот објект.















