Шест прилепски улици денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето заради навремена санација на дефекти-еве за кои улици станува збор
Водоснабдувањето на ден 11.08.2022 ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 300л/с, од кои 260/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.
Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:
– Струшка
– Павел Шатев
– Осоговска
– Бистра Планина
– Киро Пајмакоски
– Александар Македонски (Чумовчанец до 11 Октомври)