АИРЛИЈА: За многу брзо, македонските граѓани ќе летаат од Скопје и Охрид по многу евтини цени
Да, токму така! За многу брзо, македонските граѓани ќе летаат од Скопје и Охрид по многу евтини цени. Наскоро, следуваат субвенции за нови летови од Скопје и Охрид.
„Донесовме одлука да формираме работна група која ќе ги испита сите можности за зголемување на бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид. Нашата цел е следната година да лансираме нови дестинации кои во моментов не се опслужуваат од Скопје и Охрид. Како резултат на тоа, би дочекале многу повеќе туристи, но и би им овозможиле на Македонците полесно и поевтино да патуваат во странство,“ истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.