Стојановски со порака до младите во Кавадарци
Претседателот на УМС-Кавадарци Трајче Стојановски, на неговата прес конфереција излезе со одличен говор за младите во кој се вели:

“Почитувани сограѓани,
Оваа прес-конференција е посветена на добробита на младите во нашето општество, во светлината на предстојните парламентарни и претседателски избори. Младите се срцето и иднината на нашата земја, а ние сме овде да ги поддржиме истите. Во нашата кандидатка за претседател, Гордана Силјановска Давкова, препознаваме силна поддршка за младите. Таа се ангажира да создаде услови за развој и напредок, што вклучува инвестиции во образованието, здравството и можности за напредување на младите лидери. Нашиот носител на листата во Изборна Единица 4, Александар Николовски, го разбира значењето на инклузијата на младите во политичкиот процес и ветува дека ќе ги слуша и имплементира нашите гласови и потреби. Заедно со кандидатите за пратеници, Зоран Јованчев и Весна Ѓорѓиева , имаме исто така добро образложена стратегија за поддршка на младите во образованието, вработувањето и учеството на младите во јавниот живот.
Младите граѓани се нашата најголема инвестиција и извор на иновации. Ние сме овде да им обезбедиме можност за успешна иднина во својата држава, во својата татковина. Затоа, ве покануваме да гласате за кандидатите кои ги застапуваат вашите интереси и кои се предани кон вашиот напредок. Да гласате за горда Македонија. Македонија повторно твоја!” – истакна Стојановски.


















