80 години Црвен Крст! Цели 80 години несебична поддршка за најранливите категории на граѓани

Сподели го ова:





























Денеска се навршуваат цели осум децении хуманост и несебична поддршка за најранливите категории на граѓани. Црвениот крст која е најголемата хуманитарна организација го прослави својот јубилеј, 80 години од своето постоење. Воедно, со овој датум започнува неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, која ќе трае до 15-ти мај.

Секоја година на 8-ми мај се одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, на денот на раѓањето на Анри Динан, кој е основачот на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина и прв добитник на Нобеловата награда за мир.




Сподели го ова:

Слични објави