33 годишен прилепчанец во угостителски објект оштетил дел од инвентарот, а воедно го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување

Сподели го ова:
























На 20.01.2024 во 21.00 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле М.С.(33) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и оштетил дел од инвентарот.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави