ВЕЛИГДЕН ЌЕ ГО ДОЧЕКАМЕ СО ДОЖД? За велигденските празници ни претстои променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето за продолжениот викенд ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Веќе утре (петок), на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд и грмежи,. Утре, локално можна е појава на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Слично време ќе имаме и во сабота, како и за првиот ден од Велигден.
Веќе од понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.